Работилницата „ Земјоделство и рурален развој – искуства и практики “ во организација на Австрискиот агрикултурен земјоделски кластер во соработка со Здружението за едукација на земјоделци „Зелена берза “ Битола и ЛАГ Агро Лидер Кривогаштани. Учество зедоа претставници од Министерството за земјоделство, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и руралниот развој, сточари, ветеринари и други заинтересирани. Настанот се одржа во Синпекс Битола.
Австриските експерти ги споделија искуствата со пелагониските фармери, говорејќи на повеќе теми особено – што е пресудно за запирање на миграцијата село – град и развој на руралните подрачја.
– Ние како земја дел од ЕУ бевме насочени кон руралниот развој кој е комплексен. Тој опфаќа не само земјоделство, туку и животен стандард, образование, животна средина, шумарство, дрвна индустрија и други сектори кои се битни да се развијат со цел да се задржат луѓето да останат во руралните средини, рече Кристијан Бравенц , аташе од Федералното министерство за одржливост и туризам зборувајќи на тема “Мастер план за рурален развој во Австрија и организација на поддршка за земјоделство и шумарство ”.
Миграцијата во Австрија од 60 тите до 90 тите била особено присутна. Поддршката од ЕУ и напорите што земјата ги направила преку обезбедување на подобри услови за сточарите и земјоделците за живот и работа, преку развој на органското производство, руралниот туризам, дрво – преработувачката индустрија биле пресудни за запирање на овој процес. Денес Австрија е број 1 во Европа во органското производство со повеќе од 23 илјади фарми за органско производство.
Развојот на селскиот туризам, директната продажба на земјоделските продукти ( на 46 000 фарми се врши дирекна продажба) , интернет продажбата, винскиот туризам, здружувањето на земјоделците се можностите каде фармерите треба да ги бараат дополнителните приходи.