16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Пелагониските општини до 17 ч. бележат поголема излезност од првиот круг

Поголема излезност до 17 часот во вториот круг од претседателските избори во однос на првиот од пред две недели денеска, се забележува во речиси сите поголеми општини, според податоците кои ги објави Државната изборна комисија.
Во Пелагонија во двете најголеми општини во Прилеп изнесува 53,16 – 50,3 излезноста е за повеќе од 3 проценти поголема, споредбено со првиот круг, во Битола е 45,5 наспроти 39,45.
Најголема излезност во вториот круг од претседателските избори до 17 часот има во Македонски Брод, каде што на гласање излегле 61,29 отсто од запишаните избирачи. Над 60 отсто излезност има уште во Крива Паланка со 61,28 отсто, Демир Хисар со 60,4 и Демир Капија со 60,28 проценти одѕив.
Најмала излезност има во Желино, каде што до 17 часот на гласање излегле 12,42 отсто од регистрираните избирачи.

Би можело да ве интересира

Цената на дизелот од полноќ се намаува за поливина денар, а бензинот поскапува за еден денар

Пела Редакција

Детектиран нов обид на кражба на вода

12 нови случаи на коронавирус, бројот на активни случаи 139

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе