Вчера доцна попладне во близина на манастирот „Свети Атанасие“, во атарот на прилепското село Локвени, додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор марка „Фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од с. Локвени кон манастирот „Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.
Kако што информира МВР, во близина на местото се нашле лицата Б.Е. и Н.З коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од доктор од Итната медицинска помош-Прилеп.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица од општа надлежност Прилеп, и се работи на целосно расчистување на случајот.