11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

(Фото) Крушевските матуранти синоќа прославија матура, а напладнe го oдиграа танцот „Квадрил”

 

Крушевски матуранти од СОУ “Наум Наумоски Борче“  учествуваат на традиционалната матурска парада, која годинава  се одржа вчера (17 – ти) мај.  Матурантите од Крушево, заедно со нивните врсници од другите македонски градови и центри во Европа, точно на пладне, на градскиот плоштад, вчера,  го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера “Лилјакот”.

 

 

А, синоќа зачекорија на црвениот тепих, каде беа пречекани од градоначалникот на Крушево ,Томе Христоски и од своите наставници и пријатели.

За секој ученик балон, а за младите дами ружва – џентлменски и достоинствено градоначалникот на Крушево им ја честита матурата и им посака во иднина овие млади луѓе да станат  чесни и  образовани граѓани кои ќе придонесат за сопствен развој и развој на заедницата.

 

Во прекрасни вечерни толети, за неколку степени поелекгантни, матурантите од СОУ “Наум Наумоски Борче“ – Крушево ,преставуваа вистинска матурска атракција, на која со воодушевување гледаа  Крушевчани. Се чини цело Крушево беше на плоштад да ги погледне и поздрави крушевските матурантие од единственото, СОУ „Наум Наумоски Борче“ . Матурската прослава продолжи во еден од крушевските хотели. Се играше, се пееше, матурантите се фотографираа и несебично го прикажуваа својот стајлинг,  додека Крушевчани  љубопитно ги гледаа матурантите и матурантките кои изгледаа како да се од некој гламурозен филмски фестивал.

 

Директорот на училиштето, Снежана Миленковска и класните раководители – со најубави честитки до матурантите,  и се друго остана да се прераскажува во Крушево. Покрај спомените од средношколските денови, дружењето, матурската забава е настан за кој уште долго време ќе се зборува и ќе остане во сеќавање на сите (а, ние низ фотографиите кои ни ги направи нашиот млад соработник , Сотир Маркоски, ученик во СОУ „Нуаум Наумоски Борче“ ,само го отсликуваме моментот за сеќавање).

Со ова замина уште една генерација матурансти од СОУ „Наум Наумоски Борче “- Крушево, кое веќе се подготвува да прими нова генерација ученици, кои ќе се едуцираат ,ќе се натпреваруваат со знаења и повторно ќе бидат гордост на учичиштето и градот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Јовески: пензионерите да ги искористат поволностите за бесплатен градски превоз во Прилеп

Гордана Цветаноска

Македонските жени регистрирани земјоделки се дискриминирани од државата

Гордана Цветаноска

Ново продолжување на вонредната состојба за 14 денови?!

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе