16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Крушевските матуранти денеска славеа

Со песна и оро со звукот на тапанот и хармониката, крушевските матуранти, денеска ја славеа своја полнолетност, осносно завршувањето на средношколскиот живот.  Матуранти од единственото средно училиште  во Крушево  „Наум Наумоски Борче“ , од сите паралелки, и оние од гимназиското и оние од кулинарската струка,  од четврта година,  во центарот на Крушево, претпладне се фатија на оро и запеаа песни, прославувајќи ја својата матура и крајот на средното образование.

 

 

На орото се „фатија“ и наставниците и директорката која им посака нови победи во предизвиците кои ги очекуваат. Тоа е уште една генерација матуранти која си заминува од Крушево и ќе бара можност за надоградба во другите градови во Македонија каде што има високо образование.

И, екипата на единственото рурално радио во Македонија, Радио Пела  96,8 ФМ на сите матуранти им посакува успех во понатамошното образование и  вистински избор  во идното нивно образование или одлука.

СРЕЌНО МАТУРАНТИ !!!

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Пелагониско здружение – македонски мост за напреден економски развој

Во завршна фаза изградбата на фабриката за селекција на отпад

Пела Редакција

Прилеп: За петок (24.04) и наредната недела прекини во снабдувањето со електрична енергија

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе