7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Првиот детски театарски фестивал „Силјан Штркот“ завршува утре со „Грдото пајче“

Веќе втор ден Прилеп е домаќин на првиот детски театарски фестивал „Силјан Штркот“. Во театарот Војдан Чернодрински со претставата за деца „Црвенкапа“ во адаптација на Сашо Димоски, а во режија на Деан Дамјановски синоќа стартуваше манифестацијата која е забава и дружење за најмладите преку промоција на театарската уметност и културните вредности за најмладите. Идејата за реализација на овој фестивал потекна од Здружението на граѓани “Мал театар – Прилеп “ кои се задоволни од одзивот на најмладата публика и ќе прикаже 4 детски претстави на различни сцени во градот.

Дел од атмосферата за отворањето и настапот на хорот на Основното општинско музичко училиште “Ордан Михајлоски Оцка” – Прилеп:

 

https://www.facebook.com/tfdsijanshtrkot/videos/328915281337048/

 

-Сакаме да востановиме традиција пред почетокот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ (кој годинава ќе почне на 7 јуни), да имаме фестивал за најмладата публика. Децата да ги потсетиме на вредностите, да ги привлечеме со театарската уметност, рече Ангела Наумоска од здружението „Мал прилепски театар“.
Марија Спиркоска Илиеска, од Здружението посочи дека се среќни што фестивалот „Силјан Штркот“ побуди голем интерес кај публиката и изрази надеж дека ќе прерасне во традиционален детски фестивал, што ќе ги насмее, ќе ги забавува и ќе ги учи децата на вредностите.
Маскотата Силјан Штркот ги забавуваше децата пред почетокот на претставата „Црвенката“ на велешкиот тетар како прва од четирите на фестивалската програма.
Денеска на програмата беа две детски претстави. Напладне, во прилепското кино „Мис Стон“ беше прикажана претставата „Малиот Принц“ на театар „Сенки и облаци“ од Скопје. По претставата се одржа работилница на сенки за младата публика.
Вечерва од 20 часот на платото пред Градскиот саат беше изведена претставата „Заборавените кукли“ на битолскиот театар. По претставата се одржа забава со групата „The Four“.
Првиот детски театарски фестивал „Силјан Штркот“ ќе биде затворен утре, недела, кога од 19 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ ќе биде прикажана претставата „Грдото пајче“ на Театарот за деца и младинци од Скопје.
Интересно е тоа што во духот на едукативната нота на овој прв детски фестивал на социјалните мрежи беше објавен видео – БОН ТОН за најмладите за тоа како треба да се однесуваат во театар. Со тоа како што велат од здружението организатор, се гради културата за театарската публика што доправа доаѓа.

 

Би можело да ве интересира

За Прилеп годинава нема средства за капитални проекти за култура

Пела Редакција

Пет Владици ќе ја одржат богослужбата на денот на „Три Светители, патрониот празник на бакалскиот еснаф во Прилеп

Елизабета Филипоска

Концерт на етно класичниот хор „Серенада“ во Цепенков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе