11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Јас и буџетот на општината“ дебата во Крушево, утре во Кривогаштани

Во Крушево се одржа , дискусијата на тема „Јас и буџетот на општина Крушево: Направете вашиот глас да се слушне“. На дебатата  говореа градоначалникот на општина Крушево, Томе Христоски, претседавачот со Советот на општина Крушево Тома Петроски, кој  потенцираа колку и како граѓаните можат да се вклучуваат во процесот на креирањето на буџетот и менаџирањето со општинските пари, кои се впрочем ,нивни пари.

Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски во своето обраќање се осврна на неколку позитивни примери на општина Крушево во однос на транспарентноста и трошењето на парите на граѓаните.

„Според истражување на Цивика Мобилитас општина Крушево во 2018 година беше најтранспарентна општина во државата, а како градоначалник на општината првото нешто што го направив по назначувањето беше да ги скратам непродуктивните трошоци и истите средства да ги насочам кон капитални расходи“, рече градоначалникот Томе Христоски ,осврнувајќи се  на неколку позитивни примери на општина Крушево во однос на транспарентноста и трошењето на парите на граѓаните.

 

Претседавачот со советот на општина Крушево Тома Петроски потенцира дека дел од граѓаните се вклучуваат во работата на советот, но не доволно учествуваваат во креирањето на буџетот.

„Граѓаните, со чест на исклучоци, не секогаш се заинтересирани да учествуваат директно во креирањето на годишниот буџет од причина што ние како советници сме нивни претставници и ние, според нив, сме тие кои ги носиме одлуките врз основа на гласот што го дале за нас“, потенцира Петроски.

 

На дебатата се обрати и директорот на УСАИД Едвард Гонзалес кој посочи на позитивни примери во буџетско патриципирање од Соединетит

Во дискусија се вклучија граѓаните на општина Крушево  кои присуствваа на дебата. Овие дебати во општиние се  во организација на ФИСКАСТ- мрежа за фискална одговорност, одржливост и транспарентност во Република Северна Македонија, која  организира јавни предавање во општините низ Македонија. На дебата во Крушево беше  присутен и  Едвар Гонзалес, Директор на канцеларијата за општ развој на УСАИД,во Македонија.

Кривогшатани

Истата дебата , наслоена „Јас и буџетот на општината . Направете вашиот глас да се слуша„ ќе биде организирана и во Општина Кривогаштани , утре , 5-ти јуни, во салата на општината, каде можат да присуствуваат сите граѓани на Општина Кривогаштани, со цел да научат каде и како се трошат парите на општината, што се впрочем се пари на граѓаните.   На предавањето граѓаните ќе имаат можат да се информираат и за тоа како трошењето на буџетот на општината влијае на квалитетот на животот на граѓаните и можностите за  учество на граѓаните во процесот на изготвување на буџетот на општината.
На јавното предавање свое излагање ќе имаат: д-р Димко Кокароски, од Економскиот Факултет во Прилеп, г-дин Здравко Тренески, од сектор финансии  на општина Кривогаштани, и Александар Гавриловски, претставник од ФИСКАСТ мрежата.

Вакава дебата неодмна беше одржана и во Прилеп, на која пред граѓаните говореше прилепскиот градоначалник, Илија Јованоски

Би можело да ве интересира

Офарбана новата табла пред споменикот на Александар Македонски

Елизабета Филипоска

Во Банат, Србија, улица ќе биде именува по Тоше Проески

Гордана Цветаноска

10 ПРИЛЕПЧАНИ ЗАБОЛЕНИ ОД НОВИОТ КОВИД ВИРУС

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе