![]()
Театарот „Војдан Чернодрински“, в среда, на 5 јуни , во 20 ч премиерно ќе ја изведе претставата „Семејни приказни“ во режија на Милош Б. Андоновски.
![]()
Во текстот на српската драмска авторка Биљана Србљановиќ станува збор за игра на четири деца во која постепено се откриваат лични семејни приказни, односот на родителите, семејното насилство, политичките метастази, како и целиот општествен контекст. ![]()
Претставата „Семејни приказни“ е прв професионален ангажман на режисерот Андоновски во прилепскиот театар. Сценографијата за прествата е на Наташа Вчкова, костимите се на Марта Дуфне Јосифовска, а во претставата играат: Јасмина Мицовска Станкоска, Илија Волчески, Катерина Чакмакоска Клинческа и Димитар Црцороски.

