7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Започна пробниот попис на населението

Државниот завод за статистика (ДЗС) денеска започна со теренски активности за пробниот попис на населението, домаќинствата и становите. Пробниот попис ќе се спроведе во 32 пописни кругови на територијата на 13 општини во државата, и тоа во Прилеп, Долнени, Гостивар, Кисела Вода, Зелениково, Штип, Радовиш, Куманово, Свети Николе, Кратово, Струга, Кичево и Валандово.

Како што соопшти ДЗС, основната цел на пробниот попис е тестирање на подготвените методолошки, организациски и ИТ решенија за примената на новиот комбиниран методолошки пристап во Пописот на населението, домаќинствата и становите во 2020 година.

Пробниот попис се спроведува исклучиво за статистички потреби и од него нема да произлезат податоци, туку само информации за оперативно-техничката подготвеност на сите инструменти за успешно спроведување на оваа најголема статистичка операција во 2020 година, велат од ДЗС.

„Се повикува населението во избраните пописни кругови, со доверба да ги прими попишувачите од Државниот завод за статистика кои ќе имаат овластувања од директорот на Државниот завод за статистика, и со своите одговори да придонесат за што подобра подготовка за големата операција која нè очекува следната година, се вели во соопштението од ДЗС.

Пробниот попис ќе се изведува на 2 јазици – македонски и албански.
Главниот Пописот е најавен за наредната година 2020 год. и ќе се изведува од 1ви до 21 април на 7 јазици. Една од новините која што е предвидена на овој попис е „самопопишување“ – апликација каде што граѓаните ќе можат да се најават и да се попишат сами од странство.

 

Би можело да ве интересира

Започна вакцинацијата на лица над 77- За Прилеп 900 вакцини

Елизабета Филипоска

Амбасадорот на Сојузна Република Германија во посета на Прилеп

Елизабета Филипоска

Бројките повторно високи – Прилеп со 15 новозаразени од Ковид

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе