Како функционира првиот центар за рехабилитација на жртвите од тортура?
Тимот кој работи на оваа проблематика во рамките на невладината ,Центар за граѓанска иницијатива, за само 4 месеци одкако е формиран Центар за рехабилитација на жртви од тортура, регистрирал 10 –тина случаеви во Македонија, жртви на торутура, повеќето од Прилеп, со оглед на близината на Центарот, но има и од Охрид, Струга, Битола, Велес и Куманово .
Една Приказната за тортура
Шетајќи со своето семјество во центарот на Прилеп,,човекот, одеднаш е приведен, внесен во полициско комби, физички малтретиран и тепан. Осомничен е како ситен престапник, крадец и барано е од него, да призне криминално дело.Случајот стигнува до судот, а првостепената пресуда е ослободителна за малтретирачот- полицискиот службеник. Постапката продолжува, по жалба, до Апелацискиот суд во кој се вклучува тимот од Центар за рехабилитација на жртвите од тортура се и вратено е судење, а казната за малтретирачот-полицаец е условна.
„Ваквите случки врз жртвите остававаат физички и психолошки последици„- вели психологот Кристина Павлоски од Центар за рехабилитација на жртви од тортура
„Физичките „модрици“ редовно создаваат психолошки последици кои траат и 20 години. Во последно време како последица на психичката тортура е дефиниран Посттрауматскиот синдром, кој до неодамна не се сметаше за последица на психолошка тортура, туку само како последица на стрес. Сега е јасно дека може да се појави и по тортурата. Во случаите со кои работевме овие месеци, беа спроведени директни средби со жртвите и со нивното семјество. Зашто, нефункционалноста на жртвата и психолошките симптоми имаат влијание и врз самото семејство. Се работеше, и ќе се ртаботи и со семејствата на жртвите на тортура за подобрување на нивната состојба. Битно е медицинскиот персонал кај кој прво се појавува жртвата, да има сензибилност да го препознае психичкото насилство и соодветно да реагира. Затоа ние имаме и медицинска и психијатриска помош на жртвите, „ – објаснува Павлоски.
Но , приказната погоре е и чекор напред во почитување на човековите права , вели Талија Петреска, експерт за дејствување и лобирање од Центарот за граѓанска иницијатива, вклучена во проектот
Сметаме дека се случи мал напредок зашто добивме пресуда, а споменувам дека станува збор за прилепскиот суд, во која за виновно е прогласено лицето кое вршело тортура и станува збор за полициски служебеник. Иако станува збор за условна казна, случајот не е конечен, но е еден вид напредок, нагласува Петреска.
„Во Кривичниот Законик на РМ, во член 142 е дефинирана тортурата, а во членот 143 се дефинира еден вид вршење тортура. Но, во овој случај во Центарот сметаат дека не е приспособено со дефиницијата за вршење тортура бидејќи се смета дека не може да се применува на полицијата, на обвинителството или на други воени функционери.
Во изминатиот период активно се работеше на теренот. Како експерт за лобирање, остварив соработка преку проектниот тим со повеќе институции: со народниот правобранител, со Управата за извршување санкции, со повеќето затвори и со сите места во кои сметавме дека може да настане оваа тортура. Остваерена е соработката со повеќе пробациски тимови кои веќе функционираат на територијата на државава. За овој краток период од околу четири месеци откако е отворен Центарот против тортура, сметаме дека веќе постои еден вид на препознатливост. Пријавени се жрви на тортура. Имаме регистрирано случаи во посебна база за овие жртви на тортура,“ – вели Петреска.
Проектот „Сеопфатна акција против тортурата“ е финансиран од Европската Унија, а е имплементиран од мрежата за помош ИАН, од Центарот за човекови права од Ниш и од Центарот за граѓанска иницијатива од Прилеп. Проект е резутат на заедничката иницијатива на овие три организациии кои, во изминатиот период, повеќе од 20 години работат на полето на остварувањето на човековите права.