3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Вечерта за паметење Пивофест беше синоќа со настапот на Влатко Стефаноски Трио, Нокаут, The Hounds и Фрајле. Релаксирана и прекрасна атмосфера со одлична забава за сите генерации.
Вистинска еуфорија помеѓу многубројните гости се случи синоќа кога започна настапот на маестро на гитара Влатко Стефановски, кој во изминатиот период настапува заедно со неговиот син Јан и со Иван Кукиќ како Влатко Стефановски Трио.

„ Посебно ми е драго што синоќа

поголемиот дел од изведувачите беа од македонската музичка сцена. Особено сум радосен што на сцената настапија татко и син, затоа што настапот ветува дека синот на Влатко Стефаноски, Јан ќе биде успешен како и неговиот татко. Денешнава вечер уверен сум дека ќе помине во добра атмосфера на задоволство на сите“, истакна градоначалникот Јованоски.

 

Програмата оваа вечерва ја отваараат The For, потоа следат настапите на Кал бенд, Даниела Мартиновиќ а завршница се Cyrillic.Ова е прв настап на Кал бенд во Македонија. Бендот постои повеќе од 15 години и досега настапувал на повеќе од илјада концерти во странство, истакна фронтменот на бендот Драган Ристиќ.
На сцената од Јавен простор кај Градскиот саат денеска ќе се претстават Total Gym со клупска џез–музика.

Би можело да ве интересира

Приведен дилер во Прилеп, при извршен претрес пронајдена дрога 

Пела Редакција

ЉУБЕЊЕ СО СТИХОВИ, ПО ЧЕТВРТ ПАТ ВО ПРИЛЕП

Пела Редакција

На празникот „Св.Никола“ е роден Блаже Конески – одбележанување на 98 години од неговото раѓање

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе