7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ШК „Прилеп“ го освои високото 3 то место на Државниот екипен шампионат

Прилепските шахисти со 3 победи, 3 нерешени и 1 пораз или вкупно 9 бодови се пласираа на високото трето место на Државниот екипен шампионат кој деновиве се одржа во Охрид. Единствениот пораз ШК Прилеп го претрпе од убедливо најдобрата македонска екипа Алкалоид која во своите редови има тројца странци и веќе 20 тина години е државен шампион.
За екипата на Прилеп настапија Тони Кироски, Славе Трајкоски, Богољуб Златановиќ, Мирослав Миљковиќ, Горан Готовуша и Марјан Дамчески. Со освоеното трето место екипата на Прилеп се избори за настап на Европскиот куп кој што годинава ќе се одржи во ноември во Улцињ, Црна Гора.
На државниот шампионат во Охрид учествуваа 8 екипи и тоа 5 од Скопје и три екипи од внатрешноста.
– Ова за ШК Прилеп е голем успех. Во изминатиот период ангажиравме 2 шахисти од соседството, или онолку колку што ни дозволуваат финансиските можности, со цел клубот да биде во врвот на македонскиот шах и да обезбеди учество во европските натпреварувања, истакна Тони Кироски за Радио Пела.

Инаку, прилепскиот интернационален мајстор Тони Кироски од 1 до 11 август во Словачка, Братислава, ќе биде единствен македонски арбират и тоа како заменик главен судија на Европското јуниорско првенство, што исто така е големо признание и успех за прилепскиот шах.

Би можело да ве интересира

Со пресврт до реми во Штип за крај на есенската полусезона за Победа (ФОТО)

Никола Димески

ВАЖНА ПОБЕДА НА РК ПРИЛЕП

Гордана Цветаноска

КК Бонсаи e македонски преставник на Балканското првенство во карате за деца во Турција

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе