11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Шеќеринска во Еурокомпозит: Трансформацијата на долгот кон ПИОМ е прв чекор за решение

Заменик претседателката на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска го посети Еурокомпозит за кој Владата неодамна донесе решение за трансформација на долгот во обврска, кон пензискиот и здравствениот фонд.
Ова е прв чекор во решавањето на долгогодишната голгота, посочи Шеќеринска.
– Законот кој Владата веќе го испрати во собраниска процедура значи дека Владата со наши средства ќе обезбеди покривање на повеќегодишни неисплатени придонеси кон вработените. На тој начин и дополнително ќе ја консолидираме фирмата и ќе овозможиме нејзино непречено функционирање и исполнување на обврските кон вработените. Законот којшто веќе е во собраниска процедура нема потреба од двотретинско мнозинство така што не очекувам негативни изненадувања, очекувам силна поддршка од Собранието и очекувам силна поддршка во решавањето на еден проблем кој во Прилеп хранел на времето 300 семејства и тоа е важна порака и за економијата, и за регионот, и за Прилеп. Сакам во име на Владата да се заблагодарам на претставниците на компанијата, на претставниците на вработените, на синдикатот. Знаеме дека не беше секогаш лесно да се верува дека ќе дојдеме до решение, се испекле сто пати меѓутоа чекор по чекор стигнавме до целта, рече таа на средбата со новинарите, во кругот на компанијата.
Се бара инвеститор кој би ги подмирил и заостанатите плати и отпремнини на работниците, посочи Шеќеринска, потенцирајќи дека со законот кој наскоро Собранието треба да го донесе се решава најголемото социјално прашање за работниците од оваа компанија од наменската индустрија.

Би можело да ве интересира

СН ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР АД БИТОЛА ИСКЛУЧИ 40 СВЕТЛЕЧКИ РЕКЛАМИ И СЕ ВКЛУЧИ ВО ЗАШТЕДАТА НА ЕЛ.ЕНЕРГИЈА

Гентерм за идната година најавува нови 500 вработувања

Гордана Цветаноска

Еурокомпозит доби директор на одредено време

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе