7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на скулптури – “Скулптури на новото време 2019“.

 

Вечерва, (09.08.2019 / петок / ) во 20.00 ч.,во ликовната галерија на НУЦК „Марко Цепенков“ ќе биде отворена биеналната изложба на скулптура  насловена “Скулптури на новото време 2019“.

На изложбата учествуваат 22 автори ( Владимир Величковски, Симеон Арнаудов, Јордан Јанев, Предраг Јаневски, Јадранка Урдаревска, Виктор Лазароски, Соња Поповска – Трајковска, Емил Солески, Никола Смилков, Александар Наумоски, Илко Стојановски, Горан Ѓорев, Андреј Митевски, Ангел Коруновски, Влатко Зафирковски – Свире, Перо Кованцалиев, Марјан Стојаноски, Маја Танева, Александар Јанев, Методи Исков, Филип Перески, Давид Атанасоски )  од Македонија и од Прилеп, а ќе бидат претставени 26 скулптури работени во повеќе различни материјали, како и во повеќе скулпторски техники.

    За изложбата

Биеналната изложба на скулптури “Скулптури на новото време 2019“ во своето јубилејно десетто издание ја сублимира севкупната идеја на –  хетерогеноста и богатството на современиот скулпторски израз во којшто сè е дозволено: во поглед на употребата на материјали со коишто се изработуваат скулптурите, но и во однос на пристапот кој варира од класичното разбирање на улогата на скулптурата во просторот до концептуалниот приод ,па се до употреба на ready-made материјали, па дури и некои обиди за комбинација на технологијата во служба на изработка на кинетичка скулптура  истакнува Роберт Цветковски, историчар на уметноста.

Би можело да ве интересира

Изложбата „Јас и моите пријатели“ пред прилепчани

Пела Редакција

ИЗЛОЖБА НА ДЕЛА ОД МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „ДРЕН 2023“

Пела Редакција

Екна изворната македонската песна и оро во Прилеп, утре на Рудина, долненско

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе