7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Казни од 1500 до 2000 евра за непочитување на забраната за движење во шумите со кои стопанисуваат „Национални шуми“

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство по барање на Ј.П. „Национални шуми“ воведе делумна забрана за движење во шумите со кои стопанисува оваа претпријатие. Забраната за движење започнува да важи од 08.08.2019 година, а ќе трае се до нејзино отповикување. Одлуката е донесена за превентивна заштита на шумите од појава на пожари на отворен простор.
Оваа забрaна не важи за вработените во Ј.П. Национални шуми и за субјектите кои вршат шумско културни активности на површините со кои стопанисува оваа претпријатие.
За непочитување на оваа забрана од страна на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште согласно член 106 од Законот за шуми ќе им се изрече глоба од 1500 до 2000 евра во денарска противредност.
Исто така се известуваат сите граѓани на Република Северна Македонија дека заради превенција од пожари се забранува палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловишта. За непочитување на одредбите од Законот за ловство се предвидува глоба во износ од 1500 до 3000 евра во денарска противреднст.
Забраната не важи за организирани тури на туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена, кои ќе бидат одобрени со дозвола од страна на дирекцијата и Подрачните единици на Ј.П. „Национални шуми“.

Би можело да ве интересира

Прилепскиот совет го усвои ребалансот на буџетот

Гордана Цветаноска

Јубилеен 15 ти Фестивал на медот во Прилеп

Пела Редакција

Финалето на Пивофест со: The For, Кал бенд, Даниела Мартиновиќ и Cyrillic

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе