7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба – ”Форми во црно” на Мице Јанкуловски

В петок (30 август 2019) во 19:00 ч. во ќе се отвори изложбата ”Форми во црно” на Мице Јанкуловски.
Во Уметничката галерија НУ Центар за култура Марко Цепенковво Прилеп ќе бидат изложени 50 слики, акрил на платно од најновата продукција на Мице Јанкуловски – Форма 3, која е препознаена како исклучителна од страна на професионалната јавност во светот, за што зборуваат и последните награди:„Лоренцо Ил Магнифико“ Награда за животно остварување на Биеналето Фиренца 2019, Италија Наградата „Уметник на светот“ на Биеналето Ларнака 2018, Кипар
„Гран при“ на Меѓународното биенале за графика Варна 2017, Бугарија … и многу други …

Делата од оваа фаза на Мице Јанкуловски се карактеризираат со:  монохромност – зашто се насликани само со една боја – црната, модуларност – затоа што димензиите се обмислени и секогаш во одреден однос една со друга,мултипликација – затоа што сликите се мултиплицираат и така се создаваат нови дела и минимализам – зашто делата, концептот и смисолот се постигнати со минимални елеманти / што е најтешко/ но сликите се резултат на 50 годишно уметничко творештво!

Оваа, 2019 година, Мице Јанкуловски одбележува 50 години уметничко творештво и до крајот на годината ќе има самостојни изложби во Торино, Италија; Ст. Петерсбург, Русија и Солун, Грција – изложба со дела од Пикасо.

Кој е Мице ЈАНКУЛОВСКИ?

Роден е 1954  во Сливово, Охрид Живее и работи во Скопје. Тој  е исклучителен мултимедијален уметник кој истражувал различни дисциплини во уметност од неговата најрана возраст – од цртеж до слика, користејќи различни материјали и техники, вклучувајќи сатирично сликарство на стакло, од палиндром до карикатури и анимирани филмови. Неговото творештво кое опфаќа различни медиуми го рефлектира неговиот поглед кон светот како реалност која постојано се менува, во која многу работи се движат низ времето и просторот, преклопувајќи се на рамнина која се протега бескрајно далеку…
Почетоците на уметничкото создавање на Мице Јанкуловски датираат од 1969 г., додека концептуален пристап кон апстрактното сликарство развива од раните седумдесетти години.
Неговата прва слика – круг со органски форми во масло на платно создадена во неговата рана возраст од 15 години, е првата од фазата слики со органски форми во неорганизирани системи, подоцна наречена „Форма 1”. Во следните серии, „Форма 2”, тој приоѓа одблиску кон неговите форми, ги растура формите, оставајќи како тема на сликите само криви и лаковидни форми. Во најновите дела, сериите наречени „Форма 3”, тој работи само со црна боја која е нанесена на површината на платното во дебел слој, при тоа користејќи посебни алатки за да направи геометриски форми, линии или различни растери на неговата површина. Неговата цел со ова е да создаде ефект кој реагира на промената на насоката на светлината, овозможувајќи му на набљудувачот нови и нови искуства додека се движи пред делата. Мице Јанкуловски ја враќа аналогната релација кон уметноста со тоа што го покажува начинот на сликање кој се открива од страна на гледачот со одење околу просторот каде се изложени сликите.
Мице Јанкуловски има одржано над педесет самостојни изложби во престижни простори во својата земја и на меѓународната сцена, како во Палатата Ка ‘Занарди во рамките на ОСТЕН павиљон Венеција, Италија; Галерија Лола Николау во Солун, Грција; Градската галерија во Варна, Бугарија; Архиви дела Мизерикордија во Венеција, Италија; Devlet Resim Heykel Muzesi во Анкара, Турција; Југословенскиот културен центар во Париз, Франција и голем број на групни изложби.

.

Би можело да ве интересира

„Фолтин“ во четврток повторно го освојува Прилеп

Се формира детски црковен хор во храмот Св.Петка

Елизабета Филипоска

Утревечер во прилепскиот театар, претстава за еден трагач по индивидуалната слобода

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе