7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Трио Долче во Цепенков ќе настапи со „Сеќавања на едно лето“

Во фоајето од ЦК„Марко Цепенков“, утре 30 август со почеток во 20.00 часот концерт ќе одржи ТРИО ДОЛЧЕ. Музичкиот перформанс е насловен како „Сеќавање на едно лето“. На програмата ќе бидат дела од Сергеј Рахмањинов, Клод Дебиси, Јоханес Брамс и други. „Трио Долче“ го сочинуваат млади музички артисти од Прилеп, Битола и Охрид.
Андријана Дукоска е родена во 1987 година во Прилеп
Средно Музичко училиште завршува во 2006 г. во Битола, во класа на Проф. Панде Тунтевски, како музичар изведувач – Виолончелист. Своето Високо образование го продолжува на Факултетот за Музичка Уметност во Скопје, во класа на Проф. м-р Живко Фирфов, а го завршува во 2010 г. со највисока оценка, со што се закитува со титулата Професор по Виолончело.
Марија Шамоска Буџаковски е родена во Битола,каде го завршува основното и средното музичко училиште,во класата на м-р Ана Стефановска.Потоа се запишува на факултетот за музичка уметност во Скопје во класата на м-р Милица Шперовиќ-Рибарски,кај која ги завршува и магистерските студии и се стекнува со звањето Магистер.
Учествувала на повеќе државни и меѓународни натпревари и е добитник на повеќе награди. Моментално работи како професор по пијано во Државното музичко училиште во Битола.
Светлана Богданоска е родена во 1987 година во Охрид. Своето музичко образование го добива во О.М.У,, Методи Патче” ( класа: Н.Момировска),Средно Музичко Училиште-Битола ( класа: П.Талевски) и Факултетот за Музичка Уметност во Скопје ( класа: Б.Станковска).

Би можело да ве интересира

Филмот „Врба“ прилепчани ќе го гледаат понеделник

Елизабета Филипоска

Премиерна изведба на нова претставата за деца ПЕПЕЛАШКА како музичко-сценски спектакал

Елизабета Филипоска

Со танц и концерт во Прилеп започнува фестивалот „Цело е кога се има 30“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе