16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Денови на Крали Марко – работилници, изложба, филмски проекции, концерт

Во духот на традицијата, историјата и културното наследство, Општина Прилеп и оваа година ја организира манифестацијата „Денови на Крали Марко“, посветена на легендарниот јунак Крал Марко, симбол на храброста, правдата и непокорот.

Манифестацијата во организација на Општина Прилеп ја одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал Марко и се промовира Прилеп. Овој средновековен владетел, познат по бројни подвизи, е најпознатиот јунак на епското народно творештво, не само кај Македонците, туку и пошироко на Балканот.
Неколку настани ќе се реализираат во петок, на 15 ти мај: интерактивна работилница и изложба во Завод и музеј Прилеп од 10 до 14 часот; „Крали Марко во детските очи“ е насловот на ликовната работилница која ќе се реализира со учениците од ООУ „Блаже Конески“ во црквата Свети Никола на Варош со почеток од 10 часот, а истиот ден вечерта ќе се прикажуваат филмови од ЕХО фестивалот на локацијата кај црквата Свети Никола, Варош.

Како дел од програмата, оваа година посебен акцент привлекува концертот на култната македонска група Мизар, кој ќе се одржи во недела, 17 мај 2026 година, во Амфитеатарот во Варош, со почеток во 20:00 часот.

Публиката ќе има можност да ужива во специјално подготвена „best of“ програма, со која бендот ќе го одбележи својот 45-годишен јубилеј. Мизар ќе се претстави со избор на најзначајните композиции од својот богат опус, кој низ децении остави силен белег на македонската музичка сцена и култура.

Меѓу песните што се очекува да бидат изведени се дел од нивните најпознати теми како „Градот е нем“, „Магла“, „Униније“, „Дождот“, „Константинопол“ и многу други, кои се дел од музичкото наследство на бендот и генерации слушатели.

Би можело да ве интересира

Утре во функција и модуларната болница

Поскапуваат горивата

Пела Редакција

Дали во Прилеп се појави британската мутација на корона вирусот?!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе