11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Пинпонгарите триумфираа во Штип

Пишува: Никола Димески

Викендот во Штип, во спортската сала од ОУ „Тошо Арсов“, се одржаа второто и третото коло од Супер лигата во пинг понг. Екипата на „Младост 96“ – Прилеп, очекувано ги победи своите ривали.  Две одиграни кола,  две победи со скор 8:1  доволно зборува дека со градскиот ривал „Младост 96“ се најсериозни кандидати за шампионската титула. Тука е и екипата на „ФА Шампиони“ – Штип кои исто така имаат две победи од исто толку натпревари.

Останатите екипи според резултатите како да не претставуваат закана за водечката тројка. Непријатна вест која ја добивме изминатата недела е веста дека тимот на УГД се откажува од првенството, со што Супер лигата ќе брои 7 клубови.  Во второто коло,  ППК „Младост 96“ играше со ППК “Радовиш“ и победата од 4-1,  очекувана, како и победата од 4-0 во третото коло со екипата на ППК „Телеком – Нец“.

Александар Рикалоски Андреј Лашкоски и Петар Костовски е тимот кој ќе атакува за прва титула во историјата на клубот.

Поради интернационалниот турнир, кој ќе се одржи во ВИП арената Борис Трајковски во Скопје од 8 до 12 октомври, кој воедно претставува најзначајното пинг понгарско натпреварување во нашата држава кое досега е организирано, првенството продолжува на 20 -ти Октомври. Екипите во двете најсилни лиги третиот турнир ќе го одиграат во Прилеп. Сите резултати од останатите конкуренции на љубителите на пинг понгот достапни им се на официјалниот сајт на ППФМ

Никола Димески

Би можело да ве интересира

БИТОЛЧАНИ СО 41 ГОЛ ЈА ОТВОРИЈА УНИВЕРЗАЛНA

Невена е голем адут на бк Ас во македонскиот женски бокс

Никола Димески

Прилепчанки играат „лудо“ и „газат“ се прeд себе. ЖФК Деспина Прилеп – ЖФК Шкупи 11:0

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе