7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Три прилепски компании доделија стипендии за најдобрите студенти на Економскиот факултет

На Економскиот факултет во Прилеп доделени  20 уписнини на 20 најдобро рангирани студенти, кои се запишаа во академската 2019/2020 година на оваа високообразовна институција, 10 обезбедија Универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола и бизнис заедницата од Прилеп.
Универзитетот, ваучерите ги доделува во рамките на одбележувањето на 40-годишнината од основањето, како поттик за студентите да стекнуваат нови знаења.Вакви ваучери за школарината на студентите се доделуваат прв пат.
– Универзитетот обезбеди 110 уписници за сите факултети, од кои 10 се за студентите кои се запишаа на Економскиот факултет во Прилеп.

Десетте најдобри бруцоши се ослободени од плаќање партиципација за првиот семестар од првата година на студиите. Факултетот традиционално негува добри односи со бизнис заедницата. Соработката се реализира преку предавања на истакнати стручњаци од практиката. Тука е и практичната настава за студентите преку која тие имаат можност да се стекнат со апликативни знаења и вештини. Ваквата соработка годинава резултираше со обезбедување 10 школарини од бизнис-заедницата, изјави професор Спасеска.

 

Комфи Ангел во соработка со Економскиот факултет – Прилеп додели 4 стипендии за најдобри студенти на прв циклус студии на Економски факултет – Прилеп за академската 2019/2020, пријавени на Конкурсот за запишување на студенти во прва година на прв циклус на Универзитетот “ Св. Климент Охридски” – Битола.
Добитници на стипендиите се: Кристина Костадиноска, Марија Јошевска, Лиле Жежовска и Габриела Спасеска.
Ѓорески, смета дека бизнис-заедницата потекнува од факултетите, што е клуч и основа за понатамошниот развој на сите.
Имаме склучено договор за соработка со Економскиот факултет. Ние чувствуваме и должност и обврска, како и задоволство да го поддржиме Економскиот факултет, да работиме на заеднички проекти на истражувањето, на развојот. Основите се поставени, а иднината зависи од сите нас. Како пример во компанијата „Комфи Ангел“ повеќе од 80 насто од вработените во администрацијата се токму од студентите од приелспкиот Економски факултет, затоа можност за сите има, кадарот е квалитетен, останува да ги создаваме условите и да се поддржуваме, вели Јане Ѓорески менаџер во компанијата „Комфи Ангел“.

Прилепскиот гигант во прехранбената индустрија „Витаминка“ исто така се вклучува со поддршка на најдобрите студенти.
– Како општествено одговорна компанија, целиме кон мотивацијата на студентите за вложување во своето знаење. Како компанија и во иднина ќе останеме посветени пријатели на сите млади, амбициозни луѓе, вели Душица Неделкоска од Витаминка.
Една од добитничките на стипендии е и Христина Нунеска.
–Јас направив добар избор што се запишав на Економскиот факултет и сум на насоката „Банкарство и финасии“. Иднината ја гледам овде, зашто сѐ што е квалитетно може да успее во нашата држава, изјави студентката Нунеска која доби ваучер за платена школарина во првиот семестар.
Покрај Универзитетот, учествуваат четири компании: „Комфи Ангел“„Витаминка“, Шпаркасе банка и компанијата „Дониа“.

 

Би можело да ве интересира

Обуки за градење здрави навики за исхрана во прилепските детски градинки

Македонската амбасада во Австрија донираше книги и едукативни помагала за изучување на германскиот јазик во училиштата

Гордана Цветаноска

ООУ “Климент Охридски“ со нов музички спој на младост и искуство во презентација на нова македонска народна песна

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе