7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Македонски фестивал за храна во Мелбурн, ќе се игра најдолгото македонско оро

В недела, 27 октомври, на големиот празник Света Петка во Мелбурн, Footscray Park со почеток во 10 часот по локално време, ќе се одржи осмиот по ред Македонски фестивал за храна со промовирање на македонската култура. Годинава ќе се организира и една ексклузивна новина : НАЈДОЛГО МАКЕДОНСКО ОРО. Целта е, по ритамот на препознатливата македонска народна музика, да се направи најдолгото македонско оро, за да се промовира единството на Македонците кои живеат во овој дел од светот.

По тој повод, организаторите ги покануваат сите Македонци да бидат дел од оваа манифестација, во која ќе бидат проткаени традицијата, културата, музиката, храната, спортот, забавата на едно место. Ќе има голем избор на традиционални македонски јадења, така што посетителите ќе уживаат во вкусот на: гравче тавче, сарма, бурек, мекици, индијанка (слатки), еклер, тулумби и други специјалитети, со демонстрација на правење мазник и многу други “слатки изненадувања”.

Резервирани се штандови за македонски традиционални носии и македонска литература за деца и возрасни.
Ќе биде промовирано македонското народно богатство што ги вклучува македонските танци, песни, традиционални носии како препознатлив белег на македонската култура во светот.Ќе настапат во културно уметничката програма:Дј Мангал,Никола Зачески и Керолајн со изведба на Македонско девојче,Принцезата Јасмина,Маријана Новачева
Култтурно уметнички друштва од Сиднеј: Илинден, Стив Наумов, Душа балкана
Русичи – руска фолклорна група, како и културно уметнички друштва од Мелбурн: Светлост, Јане Сандански, Бисер – Џилонг, Тоше Проески и Гоце Делчев.

Нема да изостанат ниту спортски активности од страна на фудбалските клубови, Алтона Меџик, Keilor Wolves, Престон Македонија.
– Секоја година интересот расте не само кај Македонците, туку и меѓу другите нации во Австралија кои секогаш со задоволство ги посетуваат штандовите со вкусни македонски јадења. Заробени од прекрасното чувство дека македонската култура, традиција и фолклор се слави и промовира на таков начин, велат организаторите.

Би можело да ве интересира

Целосниот асортиман на Витаминка, изложен на Интерфуд & Дринк, Бугарија

Пела Редакција

(ГАЛЕРИЈА)Млеко 2024“ и предизвиците на македонските сточари

Пела Редакција

Прилепскиот театар со „Хамлет“ ќе гостува во Загреб

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе