11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Радио Пела и АГТИС, со учениците од СОУ “Ѓорче Петров“ се вклучија во одбележување на глобелната недела на Денови на медиумска писменост

Како да се препознаат лажните вести? Како да се спречи ширењето на дезинформациите? Какви се штетите од лажните вести?  Лаги, конспирациски теории и измислени „фејк“ вести станаа едно од најсилните политички оружја против кои мошне тешко може да се одбрани публиката. Лажните вести како глобален феномен веќе подолго време се дел од секојдневието. Во последните години во рамки на целата ЕУ, и покрај постојаните дебати, интензивни проверки на факти и истражувачки инструменти, интензивното циркулирање на лажни вести продолжува. Нивното ширење всушност функционира беспрекорно добро и без некаков посебен концепт.

Токму во оваа насока, со цел запознавање на младите со штетноста на „фејк“ вести  и ваквите објави на порталите и социјалните мрежи, во рамките на Денови на медиумска писменост, АГТИС Прилеп и Радио Пела, во соработка со драмската секција при СОУ „Ѓорче Петров“’ Прилеп, под раководство на професорката Билјана Тинтоска  активно се вклучија во одбележувањето на Глобалната недела, под мотото „ЗАСТАНИ, РАЗМИСЛИ, ПРОВЕРИ.  По тој повод беше организиран јавен настан за медиумската писменост, за културата на критичко размислување и за штетните ефекти од лажните вести.

Настанот е дел од проектот „Дебатно против медиска неписменост“ кој го спроведуваат АГТИС и Радио Пела во рамките на проектот финансиран од Европската унија „Со критичко мислење до граѓани со медиумска умешност – КриТинк – “, спроведуван од Metamorphosis Foundation и Eurothink – Centre for European Strategies.

Денови на медиумска писмено е глобална недела на медиумска и информациска писменост на УНЕСКО чија цел е да се подигне јавната свест за важноста на медиумската писменост кај различни категории граѓани од сите возрасни групи; како и да се обезбеди платформа за соработка и размена на искуства меѓу субјектите од различни општествени сектори.

 

Би можело да ве интересира

Вештачката интелегенција во служба на екологијата – Меѓународна работилница во Прилеп

Пела Редакција

Нова водителска двојка во младинската емисија и нови интересни интервјуа од младите

Елизабета Филипоска

Промени и предизвици во спроведувањето на инклузивното образование

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе