7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Како да се зачуваaт прилепските „златни белегзии“?!

„Да ги зачуваме старите занаети во прилепската чаршија“ како проект заврши со предавање на подарокот – колаж од 36 фотографии од истоимената изложба во Регионалната занаетчиска комора Прилеп. Мултимедијалната поставка беше дополнета од алатки и производи на прилепските занаетчии и предизвика голем интерес кај јавноста. Но, остана желбата и потребата да се продолжи со иницијативата на неколку полиња.
– Договорот примарно беше дека сите фотографии ќе ги подариме на канцеларијата на Регионалната занаетчиска комора. Но, поради недостиг на простор во нивната канцеларија, заедно одлучивме оригиналната поставка да ја подариме на Градската библиотека „Борка Талески“. Таму што ќе бидат изложени освен овие фотографии, кои што ги работевме заедно со Александар Десоски од Прилеп, да биде изложена и почетната, првична, мала поставка на алатки и готови производи од прилепските занаетчии, со обврска дадена на библотеката оваа поставка континуирано, како што е во можност установата, да ја збогатува, вели Моника Талеска, автор на изложбата и на монографијата посветена на прилепските занаетчии.
Поставката во Градската библиотека, требада сведочи за некое време минато, но и да потсетува на значењето на занаетчиството, на прилепската чаршија, на шармот на градот. Талеска вели дека книгата „Старите занаети во Прилеп“ и изложбата предизвикале голем интерес, што беше и целта.

– Тоа значи дека сите ние имаме почит кон занаетчиите, кон чаршијата во Прилеп, и не само кај нас. Повикувајќи ги граѓаните да ги користат услугите на занаетчиите, иако не сум мериторна за тоа, но како граѓанин, и сега упатувам апел до сите институции, колку што може да се заложат да дадат свој придонес. Верувам дека Занаетчиската комора ќе добие соодветни простории и дека ова тело значајно за нашиот град ќе почне да функционира послободно со поголеми ингеренции и со подобри услови за занаетчиите. Чаршијата е прилепска убавица, а занаетчиите се нашите актери кои придонесуваат да ја негуваме таа убавица, потенцираше Талеска.


Некогаш Регионалната занаетчиска комора во Прилеп била сместена во објектот на Сојузот на синдикатите на Македонија. Но, сега прилепските занаетчии, од како им биле одземени просториите, изнајмуваат канцеларија за потребите на организацијата.

– Треба да продолжиме со вакви настани како Регионална занатчиска комора. Мораме да нудиме поактивни и атрактивни мерки со кои ќе ги заинтересираме младите да се вклучат повеќе во занаетчиството. Занаетот е викаат „златна белегзија“. Младите да сфатат, да се охрабрат дека со занает никогаш нема да останат без работа, рече Кирил Трпчески, претседател на Регионалната занаетчиска комора Прилеп.

И младите се информираа повеќе за значењето на занаетите, колку е важно да се избере професија по мерка, со која ќе може да се добие соодветна обука . Во рамките на мултимедијалниот проект посветен на прилепските занаетчии, беше организирана трибина на која учествуваа ученици од средните училишта. Занаетчиската комора дава можности, младите да се вклучат во проект што го реализираат со училиштата, со обезбедување простор за нивна практична работа во дуќаните, за да се стимулираат учениците да изберат занаетчиска дејност.
Проектот „Да ги зачуваме старите занаети во прилепската чаршија“ беше финансиран од Министерството за култура во рамките на манифестацијата „Нов културен бран 2019“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петминутното врнење на град направи штети на тутунот, бостанот, градинарските култури…

Елизабета Филипоска

По медиумската објава, семeјството Спасески го посетија институциите

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе