28.9 C
Прилеп
вторник, 7 јули, 2026
Пела Радио

Пензиски фонд: Декемвриските пензии ќе бидат исплатени на 2 јануари 2026 година

Пензискиот фонд на Република Македонија ги известува сите корисници на пензија дека средствата потребни за исплата на пензиите за декември 2025 година се целосно обезбедени.

Како институција одговорна за исплата на пензии и обезбедување на пензиско и инвалидско осигурување и права од социјално осигурување за пензионерите, Фондот ги заврши сите подготовки за непречено спроведување на исплатата на пензиите на време.

За оваа намена се обезбедени средства во вкупен износ од 9.289.521.686,00 денари (девет милијарди, 289 милиони, 521 илјади, 686 денари) за вкупно 340.156 корисници на пензија.

Бидејќи 1 јануари е неработен ден, средствата ќе бидат префрлени во комерцијалните банки на 2 јануари 2026 година.
Пензискиот фонд веќе достави известувања со точни податоци за бројот на пензионери и соодветните износи до сите комерцијални банки, што гарантира дека процесот на исплата ќе се спроведува ефикасно и без одложување.

Би можело да ве интересира

Кои се можностите за финансирање од ЕУ – работилница во Прилеп

Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа одбележан во Прилеп

119 години од раѓањето на Методија Андонов Ченто

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе