3.4 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Учиме од мали нозе за реален медиум

Со цел да ѝ се овозможи на младата публика во Р.С Македонија пристап до високо квалитетни и иновативни медиумски содржини кои ќе им помогнат подобро да ја разберат улогата на медиумите и важноста на професионалното и независно новинарство, единственото рурално радио во Македонија, Радио Пела – Кривогаштани се вклучува во проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ кој го спроеведува Албани асошиејтс (www.albanyassociates.com) и Македонскиот институт за медиуми, заедно со регионални организации за развој на медиумите.  Идејата,  насловена  ,,Учење за медиумите од најмала возраст“  има за цел, учениците од руралните средини одблиску и дирекно да се запознаат со работата на новинарите, начинот на креирање вести и професионалните новинарски стандарди, во рамките на напорите за поголема медиумска писменост кај младата популација.

За таа цел младите, ученици и деца од предшколска возраст, од руралните средини од општините: Кривогаштани, ученици од ООУ “Манчу Матак“ и деца од предшколска возраст од детската градинка „Весело Штркче“ , Крушево , ученици од СОУ „Наум Наумоски Борче“ и Прилеп ООУ “Манчу Матак“, с.Мало Коњари , ќе ја посетат локалната рурална радио станица, Радио Пела, која емитува програма на 96,8 ФМ  и ќе се запознаат со работата на новинарскиот и техничкиот тим , дирекно, учејќи за тоа – како се креираат и пренесуваат вестите , каква е улогата на медиумот, која е задачата на новинарот , како доаѓаат вестите во етер, како се подготвуваат и селектираат информациите …

Воедно во рамките на младинската емисија „Од млади за млади“,  младите водители : Христијан Пусоски, Михаела Петреска и Сотир Маркоски на тема „Пловење низ медиумската писменост“ ќе разговараат со локални новинари, уредници на локални медиуми и дописници на националните медиуми од Пелагонискиот регион за нивните локални искуства во борбата против дезинформациите, како тие се соочуваат и ги распознаваат лажните вести и информации,  со кои тешкотии се среќаваат при информирањето, итн… Воедно дел од учениците од руралната средина од основното училиште „Страшо Пинџур“   ќе се обучуваат на тема: „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“ и тоа ќе го применат.

Проектот„Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ се спроведува во Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Р.С. Македонија, Црна Гора и Србија, и е финансиран од Британската влада.

 

 

Би можело да ве интересира

ЛАГ АГРО ЛИДЕР дел од првиот транснационален состанок за проектот Green Up Yourself во Мадрид, Шпанија

Пела Редакција

Прилеп во чест на Денот на руралната жена

Гордана Цветаноска

Втора акција за пошумување кај Селце в недела на 14 ти ноември

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе