29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во Банат, Србија, улица ќе биде именува по Тоше Проески

Жители од Банат, по потекло Македонци од Јабука, доставиле предлог, улица да го носи името на Тоше Проески. Предлогот една улица да го носи името на Тоше, била поддржана од голем број граѓани, јавуваат српските медиуми, а конечната одлука треба да ја донесе општина Панчево.
Како што пишува Н1 ТВ, Македонците што живеат во Јабука сакаат на овој начин да му се оддолжат на нивниот идол, Тоше Проески.
Ова ќе биде прва улица во Србија што ќе го носи името на Тоше, но и во Македонија и воопшто.
Во негова чест градскиот стадион во Скопје од оваа година го носи името Национална арена „Тодор Проески“.
Инаку, во Крушево во тек се подготвителните работи за изградбата на неговото вечното почивалиште.Идејниот проект е веќе готов и ќе изгледа вака:

Општината Крушево обезбеди финансиски средства за изградба, а градежните работи ќе започнат на пролет наредната година.

Би можело да ве интересира

Татко и син настрадаа од пожар во домот

Општина Долнени ќе ги уништува комарците

Општина Прилеп ги повикува даночните обврзници да си ги подмират даночните обврски за 2024

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе