Подготви: Никола Димески
Со 14 години и со извонредни вокални способности, прилепчанката Мила Москов ќе ја претставува Македонија на овогодинешниот детски евросонг.Детската евровизија ќе се одржи во Гливице , Полска а Мила ќе настапи со композицијата „Fire“ – Оган.
Мила веќе се загрева за својот настап, а истото тоа го прават и нејзините соученици од основното училиште Кочо Рацин. Тие организирано и масовно ќе го проследат нејзиниот настап во училиштето, па затоа организираа, колективно, нејзина промоција за целосна поддршка на јуниорскиот евросонг.
https://www.facebook.com/radiopela/videos/436318943976324/
Мила тимот е во вистинска еуфорија, како и сите од училиштето Кочо Рацин. Печатење на блузички , делење на флаери низ прилепските локални кафулиња, како и со пеење на нејзината композиција и даваат безрезервна подршка на Мила , која, како што и самите велат, заслужено ја претставува земјава на оваа манифестација.
Мила утре ќе се појави на сцената, а гласањето ќе биде онлајн, тоа трае преку официјалниот сајт junioreurovision.tv. Песната „Fire“ е компонирана од Лазар Цветкоски, а текстот од неговата сестра Магдалена , видео спотот кој одлично котира на ѕоу тубе со многу позитивни критики а е дело на Даниел Јовески.
За Мила ќе гласа Македонија , ќе гласаат сите , ќе уживаат и ќе пеат во еден глас па затоа Мила само напред целосната подршка ја имаш од Радио Пела , од твојот град и твоите другари.