29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилепчанец заработи кривична пријава-возел пијан

Прилепчанец, синоќа при сообраќајна контрола во Прилеп бил затекнат како возел пијан со повеќе од два пати од дозволеното алкохол во крвта. Toj заработи кривична пријава :

На 12.12.2025 во 23:00 часот полициски службеници од СВР Битола на ул. „Орде Чопела” во Прилеп го лишиле од слобода  Х. Г.(31) од Прилеп. Имено, при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „опел” со прилепски регистарски ознаки управувано од Х.Г. при што констатирано било дека истиот го управувал возилото под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,78 промили алкохол во крвта.  По документирање на настанот против него ќе  биде поднесена пријава за кривично дело „Безобѕирно управување на моторно возило” согласно член 297-а од кривичен Законик. 

Би можело да ве интересира

Боево гаѓање на стрелиштето Леково

Како ќе изгледа новиот спортско рекреативен комплекс кај вештачкото езеро Прилеп?

ООУ „Кире Гаврилоски-Јане“ го одбележува Месецот на книгата

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе