11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Акатист пред чудотворната икона на Св. Никодим Тисмански-Прилепски

По повод денeшниот голем празник, втор ден Божиќ или празникот на Пресвета Богородица ,во  храмот Св.Благовештени по светата Божествена Литургија со која чиноначалствуваше митрополитоп г. Петар и свештенослужителите на храмот, се одржа акатист (химна на благодарност ) пред чудотворната икона на Св. Никодим Тисмански-Прилепски, која пред три години започна да мироточи.

Говорејќи за делата на  Св. Никодим Тисмански – Прилепски и за неговиот живот Владиката  Петар пред насобраните  верници го истакна знaчењето на овој светец, роден 1320 г. во Македонија во Прилеп, кој отпатувал во Романија, каде и се наоѓаат неговите мошти.  По акатистот сите верници добија миро од моштите и од мироточењето на иконата и иконче од светецот, за здравје, милост и благослов.

Инаку,пред три години (2015), на големиот христијански празник Благовестието на Пресветата Богородица, во храмот „Св. Благовештение“ во Прилеп, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, го објави чудото кое се случило со иконата на св. Никодим Прилепски. Иконата на Свети Никодим Прилепски и Тимански почнала да мироточи.

Станува збор за икона која беше во олатарот на црквата Св.Благовештение , која е копија на иконата зографисана во Зрзевската иконописна школа, од страна на монахот Тихон. Копијата е изработена од страна на чтецот, Стеванче Тодороки, прислужител во храмот Св. Благовештение.  Ова е прва икона на преподобниот Никодим Прилепски и Тисмански, која мироточи во  Прилеп.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Впечатливо отворање на 58 от МТФ „Војдан Чернодрински„- Вечерва претставата „Иванов“ на МНТ – Скопје

Пела Редакција

Сoвремени театарски осврти-новообјавена книга на Звонко Димоски

Пела Редакција

Уметникот Зоран Кардула именуван за витез на културата на ЦСЛУ за 2022

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе