7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Одржување на турското културно наследство на Балканот

Во рамките на 4-та меѓународна културна манифестација на Балканот, која што го негува културното наследство од Република Турција, во прилепското село Канатларци престојуваше турска делегација.

Тројца пратеници: Кемал Ал Бајрак, Шабан Кардеш, Идаи Севен и претставникот на турското Министерство за култура,Сибел Ујгар на средба со градоначалникот Илија Јованоски ја истакнаа потребата од продлабочување на соработка на културен план.

Турските претставници најавија и можности за збратимување на Општина Прилеп со една општина од турската престолнина Анкара, но и донации за решавање на проблемите со водата и инфраструктурата. Манифестацијата се одржа во организација на фондацијата „Туркмен алплер“ од Анкара. 

Инаку, Канатларци е единствено село со турско население во општина Прилеп. Околу 95 отсто од вкупно 1700 жители се од турска националност.

Би можело да ве интересира

Мел фест – најава за талент шоу низ Македонија

Гордана Цветаноска

Изложба за респект

Елизабета Филипоска

Изложба на прилепскиот уметник Атанасоски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе