0.3 C
Прилеп
сабота, 21 декември, 2024
Пела Радио

Лековитите својства на калинката – супер храна за слабеење и против срцеви заболувања

Калинката е дефинитивно овошје чија популарност се зголемува во последниве години и заедно со аронијата, јагодите и малините се смета за супер храна, поради големите антиоксидативни дејства. Калинката е ниско дрво со црвени цветови, кое припаѓа на Блискиот Исток, од каде што се шири низ земјите од Медитеранот. Плодот на калинка е пронајден во египетските гробници, имал симболична улога во некои персиски обреди , а  вавилонските воини го користеле како главен извор на енергија во нивните борби. Во 20-от век почна интензивното одгледување на плантажите со калинки, иако сигурно може да се најде и во дивината, но со нешто поситни плодови.

– Конзумирање на овошјето – исечето го на половина, извлечете го арилот и консумирајте го сирова состојба  или како додаток во салати.

– Подгответе чај – една лажичка од кората прелијте го  врела вода и оставете го да отстои. Така подготвениот чај може да се пие до 3 пати на ден.

– Цветот од калинката се прелива со топла вода што ќе се користи подоцна  за да испирање  на усната шуплина.

– Подготовка на оцет од калинка: во 1 литар оцет ставате иситнете 2 калинки заедно со кората и оставете да отстои еден месец. Потоа се процедува и се користи во подготовка на салата и како додаток на други јадења.

Калинката е, секако, врвна храна што треба да ја вклучите во вашата секојдневна исхрана, ако веќе не сте го сториле тоа. Вкусна е и освежувачка, а идеална е за топлото лето кога енергијата е намалена. Децата сигурно нема да ја одбијат, а на вас останува само да го посетите најблискиот пазар или продавница.

– Лековитоста на калинката не се огледа само во неговите плодови, туку и во листовите, цветот, во листот, кората и коренот кои исто така се користат како лек. При изборот на овошје, потребно е да се обрне внимание на тежината бидејќи е подобро  да се бираат потешките, а во фрижидерот може да се чуваат и до 3 месеци. Најдобро е да го консумирате свежо или како сок. Во внатрешноста на секој плод се наоѓа семенски дел кој се вика арилис и во себе содржи крцкави семенки. Покрај како прилог на салатите од калинката може да се направи слатко, но и популарниот ликер Гренадин, кој е главната состојка во многу коктели.

– Плодот е богат со витамини Ц, К и Е (каде што еден плод задоволува 40% од дневната доза на витамин Ц). Калинката спаѓа меѓу најстарите овошја што се користат во лековити цели. Уште од античко време важел за природен лек затоа што е утврдено дека сокот од калинки го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, одличен е против скорбут (затоа што содржи многу витамин Ц), а поттикнува и излачување на урината. Освен тоа, има силно дејство против болки и воспаленија. Во комбинација со сок од моркови и цвекло им се препорачува на трудниците затоа што содржи витамини од групата Б, железо, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и витамин PP. Калинката има позитивно влијание на вредноста на тумор-маркерите за простата, PSA-маркери. Лекарите им препорачуваат на мажите секој ден да пијат четврт литар сок од калинки.
– Калинката може да помогне во борбата против ракот – студии покажале дека редовното консумирање на сок од калинка може да влијае на растот на ракот на простатата. Сокот од калинка убива злокобните клетки на рак на дојка.

– Исто така калинката е добра за превенција на хипертензија (висок крвен притисок) и на болестите на срцето. Само 150 мл сок консумиран во текот на две недели видливо може да влијае за намалување на крвниот притисок. Благодарение на таканаречената пунична киселина која ја содржи калинката таа влијае на подобрување на состојбата со триглицеридите .Тоа влијае на регулирање на холестеролот и го штити ЛДЛ холестеролот од оксидативно оштетување. Препорачливо е консумирање на калинката за  анемичните лица со што ќе ја регулираат крвтата слика.

– Проблемот на еректилна дисфункција – оксидативните оштетувања може лесно да влијаат на протокот на крвта низ целото тело и на тој начин со еректилното ткиво. Овој ефект сè уште се испитува, но засега испитувањата покажаа позитивни резултати.

–  Анти-бактериските и анти-вирусните својства на состојките од калинка се покажаа како идеални во борбата против инфекција од кандида и воспаление на усната шуплина.

– Калинката како храна за губење на тежината и зголемување на ефикасноста на системот. Некои истражувања покажаа дека калинката може да влијае на вербалните и визуелните перформанси на луѓето, како и во превенција на Алцхајмеровата болест. Калинката е богата со диетални нитрати кои влијаат на подобрување на ефикасноста на спортистите при што влијаат за поголем проток на крв.

– Ублажување на симптомите на артритис – антиоксидансите можат да помогнат да се намали воспалението кое придонесува за уништување на ‘рскавицата во зглобовите, која е главната причина за болка кај луѓето кои  страдаат од артритис. Овие соединенија, исто така, влијаат на спречување на формирање на ензимите одговорни за кршење на сврзното ткиво во телото.

Би можело да ве интересира

(фото) Зима во Македонија-темератури под нулата

Елизабета Филипоска

Александар и Дац заедно со Нино со нова музичка верзија на Бабино Девојче (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Вистинска приказна за Рајската долина

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе