7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Нова водителска двојка во младинската емисија и нови интересни интервјуа од младите

Учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ с. Мало Коњари, учесници во работилницата на тема  „Бидете сигурни дека ги препознавате лажните вести“ кои учеа,  и теоретски и практично, како да ги препознаат лажните вести  и како се креираат вестите во медиум, одбраа соговорници и направија уште два интересни радио прилози. А, новата водителска двојка, од емисијата “Од млади за млади“ ги пуштија во етер, во нивната програма, која се емитуваше на 28 – ми декември.

Наставникот по физичко образование , Иле Мишески, беше во интерес на учениците  – учесници на работилницата , затоа што тој,  со неговото залагање и добро познавање на фудбалот, ја всадил љубовта кон спортот на многу ученици, особено на  девојчињата кои играат фудбал и освојуваат награди во футсал. Од училиштето „Страшо Пинџур“ од с. Мало Коњари, има најмногу девојки кои тренираат и играат фудбал во градскиот женски фудбалски клуб „Деспина“. Со наставникот, интервјуто го водат учениците Марија , Анастасија и Јована. Следната група ученици како соговорник го избраа директорот на училиштето Ирена Кировска, и се интересираа за начинот „како се менаџира со училиште?“

Радио прилозите беа емитувани на 28 декември во емисијата „Од Млади за млади “, која ја водеа  Сотир Маркоски и Марија Николоска, ученици , кои учествуваа во проектот на тема „Учење за медиумите од најмала возраст“  од СОУ Наум Наумоски Борче – Крушево, и кои благодарение на проектот,  и запознавањето со реален мдеиум, се вклучија во радио водителството, интересирајќи се за вклученост на младите во медиумите. Нека ни е среќна соработката!

И, оваа емисија Радио Пела, преку стриминг ја емитуваше во живо на својата социјална мрежа

 

https://www.facebook.com/radiopela/videos/372537523592083/

 

Сниманите  разговори во емисијата „Од млади за млади„ на Радио Пела се во рамките на проектот „Промовирање на медиумска и информациска писменост и зајакнување на независните медиуми во Западниот Балкан“ кој го спровeдува Македонскиот институт за медиуми и Албани асошиејтс, заедно со регионални организации за развој на медиумите. Проектот е финансиран од Британската влада.

Би можело да ве интересира

Новинарите од СОУ „Наум Наумовски Борче“ Крушево во посета на Радио Пела

Гордана Цветаноска

Аудио драма „Маѓепсан круг“ за СТОП на присилните детски бракови

Пела Редакција

МАНИФЕСТАЦИЈА „МЛЕКО 2022“, ЗБИРНО МЕСТО КАЈ ГРАДСКИОТ СААТ

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе