Прилепчанка ја полила со бензин собата на нејзиниот дечко, таа и уште едно лице добиле повреди и завршиле во болницa.
На 01.01.2020 часот во 06.00 часот во Полициската станица Прилеп, Ц.Р. (57) пријавил дека во неговата куќа на ул. „Славеј Планина“, дошла девојката на неговиот внук, С.А. (20), заедно со К.А. (26), двајцата од Прилеп, по што С.А. со бензин прскала во собата и ја запалила.
Според пријавеното, притоа С.А. и К.А. се здобиле со повреди и биле пренесени во болницата во Прилеп, а пожарот бил изгаснат. Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп и се преземаат мерки за расчистување на случајот.