4.5 C
Прилеп
среда, 27 ноември, 2024
Пела Радио

Трипуновски: Ќе ги спречам сите манипулации и неправди

Во Мало Коњари, прилепско, Цветан Трипуновски – дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство  во новата техничка Влада, денеска оствари средба со земјоделците, за, како што рече, да се запознае „ изворно, најчесно и најискрено со проблемите на примарните производители“.

На средбата, земјоделците укажаа на проблемите во откупот на тутунот, високите одбитоци кои ја снижуваат цената на предадениот тутун, на затворените откупни пунктови што е невообичаено за овој период. Млекопроизводителите се пожалија на ниската цена на млекото, а поледелците на тоа дека мора да ги напуштаат нивите, зашто и годинава, откупната цена на пченицата е многу ниска. Прилепските земјоделци побараа да се реши проблемот со најголемата хидроакумулација Вештачкото езеро, за која што, стравуваат дека пред почетокот на новата сезона повторно ќе остане празна. Воедно, присутните реагираа на новото законско решение за поврат на парите од персонален данок дека нема да може да се применува кај најголемиот дел од земјоделците. Нивите се напуштаат, младите си заминуваат, тешко се опстанува, беа главно забелешките од присутните, кои во голем број, дојдоа од соседните села од прилепско.
Како најважни задачи со оглед на новата позиција како дополнителен заменик министер , Трипуновски пред насобраните земјоделци вети дека ќе се залага за чесно и праведно раководење на секторот земјоделство, но и откривање на криминалот.

– Она што јас можам да го ветам како дополнителен заменик министер, а тоа е дека ќе ги спречам сите манипулации и притисоци и сите неправди. Меѓутоа упорно ќе работам и сите оние криминали кои што се случиле во министерството, ќе ја запознаам јавноста. Јавноста треба да знае со какви методи се служеле и Љупчо Николовски, Зоран Заев и Трајан Димковски, како актуелен министер. Од денеска, па до 12 ти април, јас ќе бидам постојано на терен. Секојдневно,  јас ќе бидам заштитата и гарантот на овие земјоделци дека трудот ќе им биде правилно вреднуван, а сите манипалации ќе станат минато и карактеристика за владеењето на Зоран Заев и неговото опкружување кое што го имаше, рече Цветан Трипуновски на средбата со земјоделците од прилепско во Мало Коњари.

По едночасовната средба со прилепските тутунари, млекари, поледелци и градинари, Трипуноски замина за Могила.

Би можело да ве интересира

ОК на ВМРО ДПМНЕ: Кога Јанески планира да ги стави во функција фонтаните кои се украс на Прилеп?!

Смилеска апелира: Да работиме исклучиво во интерес на граѓаните, ова е време на сериозни предизвици!

Гордана Цветаноска

ОО СДСМ Прилеп смета дека наградата за „Најзелена општина“ е китење на локалната власт со туѓи перја

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе