7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Млади до 23 години ќе добиваат допоплнителни 3.000 денари ако работат во производство

Младите до 23 години, по завршување на средно образование ќе добиваат дополнително по 3.000 денари на нивните сметки, ако работат во производството. Тоа го предвидува Законот за младински додаток кој вечерва го изгласаа пратениците.

Целта е да се стимулират младите за запишување во средни стручни училишта , да се поттикне вработувањето во производството  и да им се даде поддршка на младите што се вработени во производните области. Парите за младински додаток  ќе се обезбедат од Агенцијата за вработување, а месечно за оваа мерка се предвидени 13.200.000 денари.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за законот.

Би можело да ве интересира

Многу книги малку читачи – Со цвет и книга одбележан Светскиот ден на книгата- Прилеп

Елизабета Филипоска

(Видео)За Прочка во Прилеп,вековна традиција обредите со маски – најавтентична „Прилепски мечкари”

Елизабета Филипоска

Од утре стартува исплатата на анти ковид пакетот за тутунарите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе