11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Душко Најдоски – добитник на Третоноемвриската награда за животно дело

За достигнувања во областа на архитектурата, Душко Најдоски  дипл. инж. , оваа година е добитник на најпрестижната  општина награда за животно дело, Златна плакета, по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

Комисијата за одбележување празници и манифестации и доделување награди и признанија на денешната седница донесе одлука за доделување на награди и признанија по повод утрешниот ден, 3-ти Ноември – Денот на ослободувањето на Прилеп.

Наградите  3-то ноемвриски Плакети им се доделуваат на:
– КУД ,,Мирче Ацев’’ (ветерани) од Прилеп, за меѓународна промоција на културните вредности на Општина Прилеп;
– Мото клуб ’’Синови на громот МС’’ – за промовирање на мото – културата и организирање на многубројни хуманитарни активности;
–  Детска амбасада за сите деца во светот, за дваесет годишна активност во областа на заштитата на правата на децата;
– Здружение РОМА С.О.С, за едукација на ромското население;

Дипломи по повод 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, им се доделуваат на:
– Василе Димески, за достигнување во областа на литературата и добитник на престижната награда ,,Державин’’ за 2017 година;
–  Александар Стојкоски, за врвни достигнувања во планинското трчање и меѓународна промоција на Општина Прилеп;
– Миле Спирковски, за неговиот придонес во одржувањето на родната куќа на великанот Блаже Конески;

Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето, а ќе се објави во „Службен гласник на Општина Прилеп“.

Би можело да ве интересира

Фестивалот на мед – Медофест во Прилеп на 7 ми, 8 ми и 9 ти октомври

Гордана Цветаноска

Промоција на две книги и две изложби од прилепчанката Марија Ѓорѓиоска

Гордана Цветаноска

СРЕЌНО ЗАВРШИ ПОТРАГАТА ПО ЛАЗЕ ОД ПРИЛЕП

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе