7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

“Медена земја“ повторно во Прилеп

Кој не го гледал може да го погледне, најпопуланриот македонски документарец „Медена земја„ ќе биде прикажува, повторно во Прилеп . Од 5 до 7 февруари, односно во среда, четврток и петок, со почеток од 19.00 часот,  во киното „Мис Стон“ , ќе биде прикажуван документарецот „Медена земја“, кој преставува  првиот документареен филм во историјата на Оскарите, кој,  покрај номинацијата за најдобар документарен филм е номиниран и во категоријата за најдобар странски филм.

Влезниците за филмот по цена од 100 денари . Ќе се продаваат два часа пред почетокот на проекциите.

Филмот трае 85 мин и во него е прикажана една приказна која има мудра еколошка мисла „Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“  Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!  По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.-  е дел од темата на филмот кој деновиве ја доби и најважната награда за кинематографија ASC од американската асоцијација на кинаметографери.

Би можело да ве интересира

Заедно ја одбележаа Неделата на детето: ДНУ – Прилеп, поетите и децата од детските градинки

Ќе се одржи ликовната колонија Дрен 2021

Елизабета Филипоска

Трио Долче ја воодушеви прилепската публика

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе