7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вештачкото езеро најавува тешкo лето за земјоделството

При прошетките денеска (02.02 февруари) кокичињата ѕиркаа низ почвата и ја најавуваат пролетта.  А,  прилепското вештачко езеро, пак, најавува тешка пролет за земјодеците.

 

Во недостига на вода во него, земјоделците сериозно загрижени ,“ како ќе се наводнува прилепското поле без водите на единствената вештачка акумулација во Прилеп ?„

Денеска,  состојбата беше загрижувачка.  Вака, изгледаше прилепското вештачко езеро. Бара , која се исцедува,  без вода, без рибиен фонд… Денеска,  тука, немаше ниту рибари како некогаш, кои уживаат во риболовниот спорт,  ниту излетници кои се одмараат покрај водите на единственото езеро во Прилеп,  кое некогаш изобилуваше со водена маса.

Фотографиите од езерото „Прилеп“ ни ги испрати Рубин Аризанкоски, кој денеска ги направи при неговата прошетка на ова излетничко место во Прилеп, а ние не можевме да останеме рамнодушни и да не ги објавиме  бидјеќи вака не ја паметиме оваа акумулација со години наназад.

Дали климатските промени си поигруваат со езерото или е во прашање човечки фактор кој се оденсува не совесно кон оваа единствена акумулација во Прилеп?- останува прашање, за одговор.

Инаку, прилепското вештачко езеро е изградено 1964 година на Дабничка-Оревоечка река со брана долга над 400 метри. Максималната должина на езерото изнесува 1,5 км, а зафаќа површина од 0,55 км. Тоа преставува излетнички туристички простор , но и единствената акумулација за наводнување на прилепското поле ! Вкупниот капацитет на прилепското вештачко езеро е околу шест милиони кубни метри вода, за наводнување на околу 2 500 хектари.

Би можело да ве интересира

Фил Феникс – спортски клуб за гордост на Прилеп и Македонија

Гордана Цветаноска

Во општина Прилеп регистрирани 62.082 граѓани со право на глас

Пела Редакција

Прилепчани уапсени со три килограми марихуана и автоматска пушка

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе