2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Медена земја во Прилеп го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници

Филмот Медена земја не доби престижна награда Оскар, но ја врати македонската публика во кино салите. Ова го покажа огромниот интерес за документарецот насекаде во градовите каде што се прикажува во Македонија, но и во соседните земји. Проекциите на документарецот за животот на Атиџе Муратова и нејзината исконска борба за соживот со природата, во Прилеп последниве неколку месеци го проследиле над 2 илјади филмски вљубеници.
Поради големиот интерес во првите проекции минатата година, „Медена земја“ се прикажуваше во големата сала на Центарот за култура Марко Цепенков, при што се бараше влезница повеќе. Во Прилеп досега се прикажани над 10 проекции, а деновиве исто така е поставен на репортарот на градското кино Мис Стон.
Влезниците велат од Центарот за култура Марко Цепенков, веднаш се распродаваат, така што доколку планирате да го проследите вечерашното издание потрудете се навремено да набавите влезници на билетарницата од Кино Мис Стон од 17.00 часот, по цена од 100 денари .
Документарецот „Медена земја“, беше номиниран за два оскари во категорија за документарни филмови и интернационална продукција ќе се прикажува во Прилеп вечерва во киното Мис стон со 2 проекции и тоа од 18.00 и 20.00 часот.
Времетраење 85 мин.
Режисери: Љубомир Стефанов и Тамара Котевска:
Протагонисти: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сем, Љутвие Сем, Музафер Сем

Би можело да ве интересира

(Видео) Тајане Бојане и годинава се слуша во Прилеп

В недела, тeатар „Авантурите на Пинокиo“за сите деца и возрасни

Елизабета Филипоска

Ни денар од Министерството за култура за „Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски“. Оваа година слави јубилеј 45 години од постоењето

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе