16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

И, Прилеп ќе добие апарат за магнетна резонанца најави министерот Филипче

Министерот за здравство, Венко Филипче денеска го посети Одделението за третман на деца со потешкотии во развојот при Општата болница во Охрид,  и при таа средба најави дека три апарати за магнетна резонанца наскоро ќе бида набавени, меѓу кои и еден за болницата во Прилеп, со оглед на големата потреба од такви дијагностички снимања за пациентите од градот и околината

Нов апарат за магнетна резонанца, ќе добие општата болница во Охрид. Но ,ќе бидат обезбедени такви апарати уште и за потребните на центрите во Прилеп и Гостивар. Постапката за набавка на апаратура ќе биде отпочната за две седмици, а кога станува збор за апаратот за магнетна резонанца, тие  ќе биде набавен од развојниот буџет на ресорното Министерство,беше најавено од министерот.

Што се однесува на подобрувањето на состојбите со недостиг на специјалисти педијатри и гинеколози во целата држава, Филипче најави дека решението на проблемот ќе се бара преку искуствен модел на функционирање на примарната здравствена зашитита во Република Словенија, по пат на циркулација на лекарите од болниците и здравствените домови.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп не е проблем, а се’ е проблем! (46)

Пела Редакција

Шестмина повредени во сообраќајка кај Тополчани

Пела Редакција

Лукароска: општина Прилеп ја има најлошата и најнеспособна власт во нејзиното постоење

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе