7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Објавена листа на тел. броеви при сомнеж од коронавирусот. За Прилеп: тел 076/475 747

 

Mинистерот за здравство Венко Филипче попладнево на својот Фејсбук профил објави телефонски броеви на кои може да се пријават сите сомнителни случаи налик на коронавирус. Објавени се14 телефонски броеви со кои се покрива територијата на целата држава и се поделени на повеќе региони. Во објаснувањето,Филипче наведува дека на овие телефонски броеви можат да се јават и сите оние кои пристигнуваат на територијата на земјава, а се сомневаат на одредени симптоми.

Оваа мерка е уште една во низата кои од вчера се применуваат во земјава, а се во насока на засилена заштита од евентуална појава на коронавирусот, кој веќе е регистриран во регионот, во Хрватска.

Двата сомнителни случаи кои вчеравечер и денеска се тестираа на Инфективната клиника се покажаа како негативни на ова заболување.

Би можело да ве интересира

Унијата на жени на ВМРО ДПМНЕ ОК Прилеп со донација за болницата

Гордана Цветаноска

Прилепчaни тагуваат – 23 години од погибијата кај Карпалак

Пела Редакција

Лоциран е загадувачот, ќе се испитува материјата која што горела во фабриката „Еуроинвест 11 Октомври“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе