Согласно препораките од Владата и Министерството за здравство за превентива од коронавирусот, Општина Прилеп од денеска постави и нова бесплатна тел. линија 070 00 210 , кои во функционира на кол центарот, ќе работи за помош на старите изнемоштени лица и хронично болни во набавка на храна и лекови.
Во функција на граѓаните се ставени и три нови тимови од Здравствениот дом Прилеп , кои ќе помагаат при повик на граѓаните , доколку имаа потреба од здравствена помош.
https://www.facebook.com/radiopela/videos/798290237329107/
Изјава на градоначалникот, Илија Јованоски, во целост
И, ОО на Црвен Крст – Прилеп ќе работат заеднички на помош на стари и изнемоштени лица во дистрибуција на непходни прехранбени и други производи,со акцент на социјално загрозените категории граѓани.
“Засега нашата помош ќе се состои во дистрибуција на храна и лекови за лицата во самоизолација, но од социјалната категорија граѓани . Тоа се нашите капацитети. Доколку, има донатори на храна, средства за хигиена и лекови, ние би помогнале во складирање и дистрибуирање до социјално загрозените семејства во Прилеп , во координација со Центарот за социјални работи и кооперативното тело . Нашиот кол центар, 048 424 710 ќе работи од 10,оо до 14,оо ч.“ – истакна, Катерина Кочоска, од ОО на Црвениот крст -Прилеп
Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски, нагласи дека во спорведувањето на мерките проти пандемијата, континуирано е извршена дезинфекција во градинките, домот за стари лица, училиштата, улиците во централното градско подрачје… А, во текот на деновите ќе се дизинфицираат и влезовите од институциите: Здравствен дом, Центар за јавно здравје, Домот за стари лица…
„Упатувам апел грѓаните , да ги почитуваат мерките и препорактеи од Владата и Министерството за здравство, а најранливите категории, ги охрабувам да ги користат линиите за помош.„-рече градоначалнкот
Градоначалникот, ги пофали одредени компании кои доброволно се вклучија во помагање во оваа здравствена криза . Компаниите Гифти Текс, Кули кои веќе произведуваат заштитни маски и кои 1000 маски од нивното производство веќе се распределни за лицата по институциите, како и пофалба, како пример, за поттикнување и на други копмании, до компанијата од Битола, која извршила дезинфескција на холовите во општината.
На деншната прес конференција и новинарите беа тестирани дали имаат покачена температура и добија зашитни маски и ракавици.
“Инаку, оние кои дошле од ризични земји и потпишале изјави, да ја почитуваат самоизолацијата. Во спротивно ќе бидат санкционира според здравствени прописи за време на епидемија. “-рече, градоначалникот Јованоски
Засега, 71 лица во Прилеп се во самоизолација, а полицијата поднесела 4 кривични пријави за прилепчани кои не ги почитувале мерките за забрана за време на епидемија, односно не ја почитувале самоизолацијата.