„Од денеска почнавме со дезинфекција на влезовите во зградите, на сите јавни површини во градот, а затворен е и градскиот пазар. Ги дезинфициравме сите основни и средни училишта, детските градинки, Домот за стари лица, укинат е јавниот градски превоз, континуирано се врши дезинфекција на улиците во градот и населените места, плоштадите и тротоарите. Како градоначалник, сакам уште еднаш да апелирам до нашите сограѓани, да се вознемируваат и да го почитуваат полицискиот час кој во овие неколку денови добро функционира во нашата општина“, истакна градоначалникот Илија Јованоски.
Мерките во сите градви се слични утврди замениот министер за локална самоуправа, Дејан Павлески за време на денешната посета на Прилеп.
„Генерално, општините вршат дезинфекција на јавните површини и на јавните установи. Во координација со Црвениот крст им се помага на старите лица и на оние на кои помошта во овие моменти им е најнеопходна. Сакам да упатам порака до граѓаните, дека доколку максимално ги почитуваме препораките на Владата и на Министерството за здравство, побрзо ќе излеземе од оваа кризна состојба“, изјави заменикот министер за локална самоуправ Павлески.
Инаку, според информацијата од ОВР Прилеп, во самоизолација се наоѓаат 183
граѓани од општина Прилеп, а против едно лице кое ја прекршило оваа мерка,
денеска е поднесена кривична пријава.