6.8 C
Прилеп
среда, 4 декември, 2024
Пела Радио

Се отвора Градскиот пазар во Прилеп под засилени мерки за заштита

Општинскиот штаб за управување со кризи е во постојана меѓусебна комуникација и на дневна основа носи мерки за справување со вирусот Ковид 19. По дезинфекцијата на Градскиот пазар, по неколку дневно работење истиот беше затворен на 25 март, но мешаниците за набавка на земјоделските артикли се пренасочија кон маркетите пилјарите во градот, што пак е контрапродуктивно.

                         Пазарење под засилени мерки

– Се покажа дека самодисциплината на граѓаните не е на потребното ниво. Општинскиот кризен штаб донесе одлука Градскиот пазар од утре да функционира според заострени критериуми: секој работен ден од понеделник до петок од 8 до 15 часот. Согласно одлуката на Владата апелираме до пензионерите и граѓаните над 65 години, да пазарат во период од 8 до 11 часот, а сите останати од 11 до 15 часот. Упатувам апел до помладите да се придржуваат кон овие препораки, со цел што помалку наши повозрасни сограѓани да бидат изложени на ризик од инфекција со корона вирус, посочи градоначалникот Илија Јованоски, кој рече дека редарската служба ќе се засили, а на сите закупци и продаваќи на тезгите ќе им бидат поделени заштитни маски, ракавици и штитници за лице.

На влезовите од пазарот ќе бидат поставени средства за дезинфекција. Градоначалникот Јованоски ќе му предложи на Советот на општината покрај останатите сет економски мерки – закупците на тезги и дуќани на Градскиот пазар да бидат ослободени од кирија.

Би можело да ве интересира

Јавен повик за обесштетување на тутунарите чие производство беше откупено пониско од прва класа!

Гордана Цветаноска

Прилеп: Двајца новозаболени, 5 мина излекувани

Гордана Цветаноска

Прилеп ја одбележува 80 годишнината од смртта на Али Фети Окјар

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе