2.1 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Kоја заштита е потребна на тутунскиот расад од снег и мраз ?

Во Пелагонија, каде расадопроизводството е веќе во напредна фаза, снегот и евентуалниот мраз може да предизвикаат штети кај тутунските леи во зависност од тоа во кој степен од развој тие се наоѓаат. Прилепско, наврнаа од 30 до 40 см снег, кој денеска нагло се топи, но од УХМР најавено е разведрување и ниски температури за наредниве денови кои ќе достигнат некаде и до – 6 целзиусови степени.
Како ваквите временски неприлики ќе се одразат врз тутунското расадопроизводство, Радио Пела ги контактираше стручните лица од Инстутут за тутун во Прилеп, да дадат совети и препораки за заштита во овој клучен период на развојот на новата тутунска реколта.

Дали може да се очекуваат штети од врнежите од снег, што тутунарите да преземат за заштита од ниските температури?
Големите количини на снег, со висока снежна покривка која некаде надминува и повеќе од 30 см, паднати во текот на вчерашното деноноќие, проследени со ниските температури, невообичаени за овој годишен период, може да предизвикаат одредени оштетувања на тутунскиот расад во леите, потенцираат од Институтот за тутун:
Оштетувањата може да настанат доколку температурите паднале повеќе од – 5 степени, а времетраењето било подолго.
Ризикот за настанати штети е поголем доколку:
– Леите со расад не се добро покриени со полиетиленското платно.
– Расадот ако е во понапредната фаза на развој (блиску до фазата вкрстување или во подмината фаза на развој), оштетувањата може да бидат поголеми.
– Расадите кои се во фаза на никнење, немаат ризик да бидат оштетени од ниските температури, бидејќи истете ги штити покривката со арско ѓубре, но истите имаат голем ризик од оштетување и угинување како резултат на недостаток на вода во оваа фаза на развој, бидејќи истите поради високата снежна покривка неможат да се наводат.

Според временската прогноза има најава дека температурите во текот на следната ноќ ќе паднат повеќе од – 6 степени.

  Кои се препораките од експертите од Институтот за тутун во Прилеп за заштита од евентуални минусни температури?

        Препорачливо е да се преземат следните активности:
– Леите да бидат покриени со полиетиленско платно (најлон), а најлонот да не лежи на леата, истиот да биде кренат на шипки метални или прачки дрвени, покриените леи да се проверат дали се добро затворени.
– На леите покриени со најлон и добро затворени, снежната покривка да не им се одстранува за во текот на ноќта.
– Доколку температурите паднат повеќе од – 5 степени,добро е ако има можност да се изврши зачадување со палење на слама, сено или друг материјал, или да се фрли на најлоните од леите уште еден најлон или друга дополнителна покривка.
– Во текот на утрешниот ден доколку се рaстопи снегот или истиот се отстрани од покриeните леи, потребно е да се изврши наводнување на леите со расад кои не се поникнати или се во фаза на никнење, а на леите во кои расадот е во понапредна фаза да се изврши провeтрување и поливањето да се изврши следниот ден, а потоа во наредните денови да се изврши заштита на расадот, како и прихрана со шалитра доколку истата не е направена претходно.

Би можело да ве интересира

ЕВН Македонија известува за прекини со електричната енергија во прилепско и Крушево

Гордана Цветаноска

Новите цени на бензините од ноќеска на полноќ ќе ги одредуваат трговците

Во Прилеп опожарено уште едно возило

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе