0.8 C
Прилеп
недела, 24 ноември, 2024
Пела Радио

Солидарност за Денот на тутунските работници во Комбинатот

Тутунски Комбинат АД Прилеп донесе одлука за солидарност, непосредно пред Денот на тутунските работници 4 април, кој што компанијата оваа година нема да го одбележува. Менаџментот на ТКП донесе одлука менаџерите да примаат минимална плата, a разликата ќе ја донираат во фондот за солидарност COVID-19
Одлуката ја донел Одборот на директори на Тутунски комбинат АД Прилеп (ТКП) според која целокупниот менаџмент во компанијата за месец април да му биде исплатена минимална плата во висина од 14.500 денари.

– Според донесената одлука која е во согласност со усвоените економски мерки од страна на Владата за справување со кризата од СОVІD -19, минимална плата ќе добиваат сите извршни членови на Одборот на директори, како и лица со посебни овластувања и одговорности – раководни лица. Ист износ ќе примаат и неизвршните членови на Одборот на директори кои во нормални околности примаат месечен паушал.
Со донесената одлука исто така се утвдува разликата до целосниот износ на плата, односно паричен надоместок за менаџерскиот тим да бидат уплатени на посебната наменска сметка на солидарниот СОVІD -19 фонд кој е формиран од страна на Владата.
Воедно, поради настанатата ситуација, согласно одредбите од Колективниот договор со Синдикатот на ТКП, дел од вработените, администрација, заради намалување на трошоците во друштвото, да користат платен вонреден одмор. Притоа, за администрацијата тој ќе биде со траење од еден месец, а за дел од вработените од Погон Тутун ќе трае 20 дена. Во овој период ќе им биде исплаќан надоместок на плата од 80% согласно одредбите Колективниот договор и Законот за работните односи.

Инаку, по повод Денот на тутунските работници 4 ти април, награди -часовници со посвета им беа доделени денеска на 9 мина работници кои оствариле 20 години работен стаж во Комбинатот и тоа: Татјана Христоска Ѓореска, Дарко Арапчески, Игор Китаноски, Здраве Филипоски, Татјана Небрежанец, Зоран Стеваноски, Валентина Солеска, Гоце Василевски, и Марјан Иваноски.

Тутунскиот комбинат од Прилеп, како акционерско друштво целосно во државна сопственост, за првпат по речиси две децении минатата година ја заврши со добивка од над 39 милиони денари. Како одговорна компанија ТКП ги повикува и останатите компании во државна сопственост во моменти кога е потребна солидарност да го сторат истото.

Би можело да ве интересира

Витаминка меѓу водечките компании во кондиторската индустрија на саемот ISM во Келн

Пела Редакција

Тајната на квалитетното јајце од живинарската фарма Долнени е во природата (ВИДЕО)

Елизабета Филипоска

Новинарите и еколошките активисти едногласни против злупотребата на рудното богатство

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе