24.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Крушево се штити од коронавирусот

Општина Крушево донира околу 300 визири во здравствениот дом во Крушево, кои ги изработија неколку волонтери и ентузијасти од Крушево. Заштитни маски, визери  добија и итната медицинска помош, лабораторија, сите приватни ординации во  општината полицијата и ТППЕ –Крушево.

По дезинфекцијата во населените места и во град Крушево, обезбедувањето маски и ракавици за локалнтие бизниси, општина Крушево  набавува и други средства за дезинфекција, заштитни маски, ракавици, скафандери.

Набавката во износ од над 52 000 денари, која е во тек,  вклучува  300 маски, 1 000 ракавици, 200 заштитни скафандери, 100 заштитни наочари,  500 парчиња заштита за нозе и стапала . Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски,се пофали дека и  од лични средства набавува дополнителни опрема и средства , со цел преземање позасилени мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.

Би можело да ве интересира

Михајлов: Ако згасне Победа поголем срам за Прилеп од ова – нема да има! 

Нов протест – нова дилема!Има ли гласност работничкиот штрајк на Еурокомпозит?!

Општина Прилеп со 2 стручни комисии започнува проценка на штети од невремето

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе