Бројот на лица инфицирани со коронавирусот во општина Прилеп се искачи на 33, откако денеска беа потврдени 9 нови случаи. Земени се 20 нови брисови од граѓани, чиј исход ќе се знае во наредните денови,а гледајќи го развојот на ситуацијата, можно е во следните денови да има нови заразени граѓани со коронавирусот
Од тие причини апелирам до граѓаните на општина Прилеп да ги намалат социјалните дружења. Не значи дека само полицискиот час и неодењето на работа или во кафулиња ќе го спречи ширењето на коронавирусот, туку и дружењето во домашни услови исто така ја зголемува можноста за нови заразени лица. Истовремено упатувам апел и до матичните лекари и стоматолози да бидат достапни за своите пациенти, тоа е нивна обврска, бидејќи на тој начин сомнителните случаи ќе бидат порано детектирани“, изјави градоначалникот Јованоски.