0.7 C
Прилеп
понеделник, 25 ноември, 2024
Пела Радио

Солидарноста во Комфи Ангел продолжува и во вонредна состојба

Компанијата „Комфи -Ангел“  и покрај вондредната состојба, го одржав заедничкиот, месечен состанок. Но овој пат поразличен од сите претходни – физички дистанцирани, меѓутоа поблиску од кога и да било, солидарни меѓусебо и одговорни во реализирањето на филозофијата на компанијата, “Градиме компанија која што ќе постои после нас!“.

Ирена Јакимовска, директорот на компанијата  Комфи Ангел , (овој пат преку аудиоснимка) им се обрати  на вработени потенцирајќи дека како менаџерскиот тим , (особена таа)  се воодушевени од поставеноста на вработените во Комфи – Ангел во оваа водредна состојба, од нивната стабилност и почитување на сите новонастанати услови, од виоката одговорност во реализирањето на поставените задачи, и пред се, поради тоа што  го вработените го задржале сопствениот дух во реализирање на одржливоста на компанијата.

„Сите ние, во овие 15 -сет години од постоењето на Комфи Ангел даваме додатна вредност и ја градиме компанијата и затоа во моменти кога нас ни треба помош , таа застанува зад нас, и,  само таков взаемен однос на почитување , може да вроди плод. Компанијата изврши целосна уплата на платата за месец март за вработените , солидарно,  и спрема колегите кои што беа приморани да седат дома заради вонредната ситуација. “-  ги информира Јакимовска своите вработени

 

На крајот на своето излагање таа им посака на вработените среќни Велигденски празници, да поминат квалитетно време во посветеноста на своето семејство и религијата,  „здравје и многу весели моменти за време на празниците“-рече таа!

Вообичаено , претходниот добитник, Дарко Стојаноски го извлече новиот добитник на лотаријата за месец март, Валентина Јованова, а парите од солидарниот фонд,  овој месец  му беа доделени на Петре Димоски,за потребите на неговото семејство. 

„ Честитаме, и само за убаво да си ги троши парите!“-  искрено им порачаа  од компанијата 

Би можело да ве интересира

Тутунски комбинат Прилеп е на добар пат за приватизација

Што градот му нуди на бизнис секторот?! Бизнисмените дебатираа по повеќе прашања на седницата на Економскиот Совет на Општина Прилеп

Елизабета Филипоска

Кафето, какаото, чајот поскапеле… трошоците на живот во јануари се зголемиле за 17,1 процент

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе