12 C
Прилеп
среда, 2 април, 2025
Пела Радио

Нови 4 позитивни случаи во Прилеп

Денеска се регистрирани 4 нови случаи на лица заболени од КОВИД-19, со што вкупниот број на инфицирани лица во општина Прилеп изнесува 89, соопштуваат од прес службата на Општина Прилеп.

На Инфективното одделение во прилепската Општа болница „Борка Талески“ хоспитализирани се вкупно 14 лица позитивни на коронавирус. Тројца од нив во текот на денешниот ден ќе бидат испратени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, останатите 11 пациенти се со средна клиничка слика.

Двајца пациенти се сомнителни на коронавирус, земен им е брис и се чекаат резултати;

Во самоизолација се наоѓаат 373 лица, во изминатите 24 часа сите ја почитувале оваа мерка;

Во текот на изминатото деноноќие, едно лице не го почитувало полицискиот час, заради што ќе му биде поднесена соодветна пријава.

 

Би можело да ве интересира

Тошески: Корисниците на гарантирана минимална помош редовно да ги ажурираат податоците во АВРМ, бидејќи заврши кризната состојба со пандмијата

Општина Прилеп: заостанатите даночни обврски граѓаните и фирмите да ги подмират до 15 ти август 2024

Пела Редакција

Витаминка со новогодишна донација за децата во болницата Козле

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе